Четири лица приведени на ГП “Богородица”, имале фалсификувани исправи

t

МВР информира дека полицијата од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со колеги од Одделот за гранични работи и миграции на граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија лишиле од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Турција, двајца од Албанија) и еден македонски државјанин поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Вчера на излез од државата, А.А.(52) од Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана. При контрола на патничко возило „Хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45) и Е.Д.(49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.

Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното јавно обвинителство“, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Сè уште гужва на границите – се…

Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат…

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…

На граничниот премин Табановце за влез во…