ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: УБС се согласи да ја купи Кредит свис за да се спречи кризата на светските финансиски пазари
Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) се согласи да ја купи „Кредит свис“ во историски договор, а целта е да се спречи кризата на доверба која се закануваше да се прошири на светските финансиски пазари.
Швајцарската банка за оваа трансакција ќе плати повеќе од три милијарди долари, а се работи за купување на сите акции по цена што е само дел од проценетата вредност на „Кредит Свис“, објави „Блумберг“.
Договорот доаѓа по вонредните разговори во Швајцарија меѓу двете банки и финансиските регулатори во земјата. Швајцарската национална банка соопшти дека договорот е најдобриот начин да се врати довербата на финансиските пазари и да се управува со ризиците за економијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Затворен е воздушниот простор над Обединети Арапски…
Воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати моментално…
Иран ги напаѓа американските воени бази во…
Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…
Макрон вели американските напади на Иран се…
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…