Игор Џамбазов се прости од Мешковски: Ме прифати како син, низ главава ми експлодираат спомени
Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина по долго боледување во својот дом во Лос Анџелес, САД.
Голем број пријатели и актери изразуваат сочувство и се простуваат од него преку социјалните мрежи. Меѓу првите се огласи Игор Џамбазов.
-Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…, напиша Џамбазов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од понеделник уште потопло со пораст на…
По преодното дестабилизирање на времето, од понеделник…
Возеле дрво пијани: Уапсени повеќе возачи
Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.„100“…
Па нели Британците ќе инвестираа: Владата тешко…
До овој момент нема пристигнато понуда за…
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час…
Дневницата во Македонија чини колку час и…
Орбан со предупредување до Европа: Таквиот чекор…
Учеството на Украина во Северноатлантската алијанса би…