Објавено на:

Силен земјотрес го погоди Авганистан

t

Авганистан вечерва беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, пренесе EMSC.

Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји.

Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.

Британските медиуми пренесуваат дека очевидци наведуваат дека тлото во авганистанската престолнина Кабул и делови од северен Пакистан силно се треселе.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

Белгија насилно ќе депортира мигранти од Авганистан

Белгија подготвува план за насилно враќање на…

Земјотрес рано утрово во Словенија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…

Силен земјотрес на Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…

СИЛЕН земјотрес го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според…