Македонија издвоила поголем процент од БДП за НАТО од речиси сите околни земји

t

Заедничката цел на членките на НАТО да издвојат најмалку два отсто од бруто домашниот производ за одбрана ја исполнија само седум од 30 земји-членки, а меѓу нив не се најсилните европски економии.

Од земјите на Европската унија, Грција, Полска, Литванија, Летонија и Естонија, покрај САД и Обединетото Кралство, ја исполнија таа цел во 2022 година.

Грција е прва на листата, со 3,54 отсто од БДП потрошени за одбрана, што е сепак помалку од 2021 година.

Најголемите економии во Европа, сепак, не го достигнаа планираното ниво на потрошувачка и покрај војната во Украина, а некои дури и се оддалечија од целта.

Германија потрошила 1,49 отсто за одбрана, нешто повеќе од една година порано (1,46 отсто), Италија 1,51 отсто, помалку отколку во 2021 година (1,57 отсто), а Франција 1,89 отсто (1,91 отсто во 2021 година), се вели во новиот годишен извештај на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На дното на листата се Луксембург (0,62 отсто), Шпанија (1,09 отсто) и Белгија (1,18 отсто).

На листата секако ја има и Македонија, која издвоила поголем процент од нашиот БДП за разлика на пример од Албанија, Словенија и Хрватска, што секако не значи поголема сума, бидејќи сите земји имаат различен бруто домашен производ.

Од земјите од Западен Балкан, Македонија издвоила 1,61 отсто од БДП за одбраната, Албанија 1,57 отсто и Црна Гора 1,35 отсто. Хрватска потрошила 1,91 отсто, а Словенија 1,26 отсто од БДП.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред неколку денови изјави дека членките на Алијансата треба да се стремат да ги зголемат буџетите за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

Шефот на финската армија: Европа треба да…

Новиот шеф на вооружените сили на Финска,…

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Состанок на министрите за одбрана на НАТО…

Воениот комитет на НАТО на ниво на…