ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА: Народот се обедини и блокираше автопати, аеродроми, училишта!
Демонстрантите лути на францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање го блокираа пристапот до терминалот на аеродромот во Париз, седеа на железничките шини, се судрија со полицијата и фрлаа проектили врз полициските станици за време на денешните демонстрации низ Франција.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во западниот град Нант, објави Ројтерс.
Исто така, на запад во Лориен, проектилите фрлени од демонстрантите предизвикаа мал пожар во дворот на полициската станица.
Жерар Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, на Твитер напиша дека нападите врз потпрефектурата и полициската станица во Лориен се неприфатливи.
„Моите мисли се со повредените полицајци. Овие дела не можат да поминат неказнето“, рече тој, пренесе Би-би-си.
Погоден е и аеродромот Роаси-Шарл де Гол во близина на Париз, додека недалеку од Тулуз на југозападот на земјата, демонстрантите запалија куп ѓубре и го блокираа сообраќајот на автопатот.
„Има многу гнев, ситуацијата е експлозивна“, рече лидерот на синдикатот CGT (Се-Зе-Те) Филип Мартинез на почетокот на митингот во Париз.
Лидерите на синдикатот повикаа на смиреност, но беа лути од, како што рекоа, провокативните коментари на Макрон.
Макрон рече дека законот ќе стапи на сила до крајот на годината, споредувајќи ги протестите со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.
Унијата на средношколци (ФИДЛ) утринава соопшти дека во моментов се блокирани повеќе од 400 средни училишта.
Тоа значи дека учениците дошле на училиште, но не посетуваат настава.
ФИДЛ рече дека тоа е историско достигнување.
Француската премиерка Елизабет Борн минатата недела искористи специјална процедура за да го протурка непопуларниот предлог-закон за пензиски реформи со кој ќе се зголеми старосната граница за целосна пензионирање за две години од 62 на 64 години во парламентот на земјата без гласање.
Францускиот претседател Емануел Макрон во средата објави дека законот ќе стапи на сила до крајот на годината, и покрај зголеменото незадоволство низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…