Велс ги расплака Хрватите буквално во – последните секунди
Фудбалерите на Хрватска одиграа само нерешено на средбата на домашен терен против Велс (1-1), која се одигра на преполниот „Пољуд“ во Сплит, откако израмнувачкиот погодок го примија буквално во последните секунди од натпреварот.
„Коцкестите“ поведоа преку Крамариќ во 28. минута, по што ја контролираа играта и имаа доминација на теренот, за што говори фактот што упатија дури 19 удари кон противничкиот гол. Велшаните, сепак, не се предаваа и првиот нивни удар во рамките на голот на Хрватите заврши во нивната мрежа и тоа по изведен аут. Стрелец беше Бродхед во 93. минута, откако влезе во игра кон средината на второто полувреме.
Шпанија без поголеми проблеми победнички ги почна квалификациите за ЕП 2024, откако на домашен терен ја совлада ослабената Норвешка (3-0), во чиј состав го нема повреденито Ерлинг Халанд. Олмо го начна гостинот во 13. минута, додека Хоселу со два гола во две минути (84. и 85.) го потврди триумфот. Со по еден гол во двете полувремиња, пак, фудбалерите на Романија ја освоија Андора (2-0).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…
СВЕТОТ ПРЕД НОВА ПРЕХРАНБЕНА КРИЗА: Ѓубривата исчезнуваат,…
Светската економија се соочува со опасна комбинација…
Ким Џонг Ун во кома? Се шират…
На социјалните мрежи се шират драматични тврдења…