НУКЛЕАРНО ЗАПЛАШУВАЊЕ: Според Пентагон и Берлин, Путин нема да го употреби оружјето во Белорусија
Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, откако Москва најави распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
„Ги видовме извештаите за руското соопштение и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, се вели во писмената изјава на прес-службата на Министерството за одбрана.
„Не гледаме причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба или каква било индикација дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје. Остануваме посветени на колективната одбрана на НАТО алијансата“, се посочува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.
Оваа најава беше критикувана иод германската влада, пишува Велт. Весникот посочува дека синоќа Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.
„Споредбата на претседателот Путин со нуклеарното оружје на НАТО е погрешна. Тоа не може да послужи како оправдување за чекорот што го најави Русија. Покрај тоа, Белорусија даде неколку меѓународни изјави дека нема да држи нуклеарно оружје“, соопшти Министерството.
Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…