Објавено на:

Жешка пролет: Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

t

Москва и Минск се договорија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија. Ова го соопшти рускиот претседател Владимир Путин во ТВ интервју со новинарот Павел Зарубин од каналот „Русија 24“.

Шефот на Руската Федерација прецизираше дека изградбата на складиштето ќе заврши до 1 јули. Според Путин, распоредувањето на овој вид оружје нема да ги прекрши обврските од руско-американскиот договор СТАРТ за ограничување на стратешкото оружје.

Според него, причина за овој чекор е наведената намера на Велика Британија да испорача муниција со осиромашен ураниум на Украина. Освен тоа, Путин додаде дека Белорусија „одамна сака да распореди руско нуклеарно оружје на своја територија“.

Во вторникот, британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди рече дека покрај тенковите Челинџер 2, Лондон ќе пренесе муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум, на вооружените сили на Украина. Во саботата, Путин предупреди дека Русија соодветно ќе одговори на таквите испораки.

„Русија има што да одговори на можната употреба на муниција со осиромашен ураниум од страна на Украина“, изјави тој за „Русија 24“.

– „Веќе и го предадовме на Белорусија нашиот добро познат, многу ефикасен комплекс Искандер. Тој може да биде и носител“. Путин прецизираше дека на територијата на републиката веќе се распоредени 10 авиони способни да носат тактичко нуклеарно оружје.

Американското Министерство за одбрана од своја страна соопшти дека не гледа знаци дека Русија се подготвува да го употреби своето нуклеарно оружје. Вака Пентагон одговори на изјавите на претседателот Владимир Путин за неговата намера да распореди тактички нуклеарни боеви глави во Белорусија. „Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Косово секоја година се запленуваат 1.500…

Нелегалното оружје во рацете на косовските граѓани…

(Фото) Само во Русија: Изложба на воени…

Запленетите германски тенкови Леопард 2 и пешадиско…

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…