Објавено на:

Две лица загинаа, а 29 се ранети во бомбардирање на Славјанск

t

Најмалку две лица загинаа, а 29 се ранети во руско гранатирање во Славјанск во источна Украина, изјави регионалниот гувернер.

„Во Славјанск има двајца мртви и 29 ранети, оштетени се административни згради и канцеларии, како и пет згради и седум куќи“, наведе гувернерот Павло Кириленко на Фејсбук.

Тој рече дека руските сили го погодиле центарот на градот со две ракети С-300 околу 10:30 часот по локално време.

Гувернерот додаде дека бил погоден уште еден град во регионот Доњецк – Дружковка.

Тој рече дека две ракети С-300 погодиле сиропиталиште во тој град и речиси целосно го уништиле, а во тој напад немало жртви.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалните мрежи напиша дека уште еден ден започнал со „тероризмот на Руската Федерација“ и дека „државата агресор го погодила градот Славјанск“.

„Непријателот треба да знае, Украина нема да ги прости страдањата наметнати на нашиот народ, нема да прости за загинатите и ранетите“, додаде Зеленски.

За руските сили, освојувањето на регионот Доњецк им е главен воен приоритет, а минатата година објавија дека го анектирале регионот, иако тој не е целосно под нивна контрола, наведува агенцијата „Франс прес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…