Нов силен земјотрес го погоди регионот Кахраманмарс во Турција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени денеска е регистриран и во југоисточниот турски округ Кахраманмарас, кој беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари.
Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 34 минути, а епицентарот на земјотресот бил во градот Гоксун, а неговата длабочина била 8,7 километри.
Засега нема информации за штети или повредени лица.
Афтершоковите по најсилниот земјотрес траат веќе месец и половина на повеќе места во Турција.
Според последните податоци, бројот на жртвите од разорните земјотреси во земјава е над 50 илјади, повредените се околу 115 илјади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…