Вучиќ ѝ се заблагодари на Грција за почитувањето на територијалниот интегритет на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија и Грција ја потврдиле својата посветеност и поддршка на принципите на резолуциите на ОН и територијалниот интегритет.
По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и по пленарната средба на делегациите на Србија и Грција, тој рече дека како што Грција го поддржува нашиот територијален интегритет, Србија исто така го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на грчката држава и на копно и на вода.
„Благодарам на претседателот и на премиерот за поддршката на територијалниот интегритет. Почитувањето на меѓународното право ни е важно, а на средбата потврдив колку е важно да се работи на компромисни решенија со Приштина“, рече Вучиќ.
Тој, како што истакна, му се заблагодарил на грчкиот претседател за поддршката на Србија на нејзиниот европски пат и за обидот да и помогне.
Верувам дека во наредниот период можеме да постигнеме натамошен напредок и во економијата“, рече тој.
Тој истакна дека е среќен бидејќи бил домаќин на грчката делегација.
„Србија и Грција имаат повеќе од традиционални, сестрински и братски односи – нашите народи добро се разбираат, а политичарите само го следат она што луѓето долго време го чувствувале. Денеска ја анализиравме и политичката ситуација во регионот на Југоисточна Европа, во светот, билатералните и економските односи, можностите за понатамошна соработка“, нагласи тој, јави Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…