ОЈО-ГОКК ќе проверува дали има криминал во изградбата на автопатите во земјава

t

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во изминатиот период во јавноста се појавија информации во врска со градењето на Коридорите 8 и 10А и фирмата која го врши надзорот на изградбата на истите.

Власта и опозицијата секојдневно на прес-конференции меѓусебно се обвинуваа за криминали поврзани со градењето на автопатите, а на денешната седница за пратенички прашања во Собранието премиерот Димитар Ковачевски споредуваше цени на изградба на автопати и надзор во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…

Јавен повик од семејствата на загинатите во…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

ОЈО не се откажува од гонење на…

Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…