Објавено на:

Врти, сучи, суд да се формира: САД бараат посебен меѓународен суд за руските злосторства во Украина

t

САД се залагаат за формирање на специјален суд за руското „злосторство агресија“ против Украина, кое ќе биде „вкоренето во украинскиот правосуден систем“.

САД го поддржуваат формирањето на специјален суд за злосторството агресија врз Украина во форма на меѓународен суд кој ќе биде вкоренет во украинскиот правосуден систем и ќе вклучува меѓународни елементи, изјави неименуван портпарол на американскиот Стејт департмент.

Според него, Вашингтон за ова сака „голема меѓународна поддршка, особено од европските партнери“ и трибуналот да биде „во некоја земја во Европа“.

Ова е првпат САД експлицитно да се залагаат за создавање на таков трибунал, а идејата ја поддржува и ЕУ, која ја спомена во ноември минатата година.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, на 17 март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воено злосторство за депортирање на украински деца во Русија.

Русија не ја признава јурисдикцијата на тој суд, а не ја признаваат ни САД. Римскиот статут, кој го основа МКС во 2002 година, беше ратификуван од 123 држави. САД, Кина, Израел, Пакистан, Саудиска Арабија, Турција, Иран и Индија не се членки на МКС.

МКС има јурисдикција над воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени во Украина, а не и за самото „злосторство агресија“ извршено од Русија, што може да им се припише на нејзините највисоки лидери

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…