Објавено на:

Украинците признаваат: Руските сили постугнаа одреден напредок во Бахмут

t

Руските сили постигнаа одреден напредок во Бахмут на источниот фронт, соопштија украинските воени претставници.

„Непријателските сили имаа одреден степен на успех во нивните акции насочени кон упад во градот Бахмут“, објави Генералштабот на украинските вооружени сили во редовниот извештај.

Како што се додава, украинските војници го држат градот и одбиваат бројни непријателски напади.

Новинарите на Ројтерс во близина на фронтот западно од Бахмут и понатаму на север објавија значителен пад на интензитетот на руските напади минатата недела.

Руските власти велат дека нивните сили сè уште се држат во борбите за секоја улица во Бахмут.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, по втор пат ја посети нуклеарната централа Запорожје во Украина, посочувајќи дека ситуацијата околу централата не се подобрува. Кремљ најави дека руската конфронтација со непријателските држави и, како што рече, „хибридната војна“ што против неа ја води Западот, ќе трае долго. Од друга страна, Киев вели дека е можно војната да се реши дипломатски“. ако се смени преговарачот во Москва“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…