Фон дер Лајен призна: Просперитетот на ЕУ зависи од односите со Кина
Економскиот просперитет и националната безбедност на Европската унија ќе зависат од природата на нејзиниот однос со Кина. Ова го изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
„Како ќе се справиме со нашите односи со Кина ќе биде одлучувачки фактор за нашиот економски просперитет и национална безбедност“, рече и Урсула фон дер Лајен.
Урсула фон дер Лајен рече и дека позицијата на Кина за конфликтот во Украина ќе биде одлучувачки фактор за односите меѓу ЕУ и Кина.
Според неа, ЕУ верува дека Кина има намера да го промовира својот нов светски поредок.
Урсула фон дер Лајен смета дека ЕУ треба да ја прекине својата зависност од снабдувањето со ретки метали од Кина.
„ЕУ не е заинтересирана за намалување на односите со Кина. На Кина отпаѓаат 9% од нашиот извоз и 20% од нашиот увоз. Но, ние треба да ги преоцениме ризиците од овие односи, да ги направиме поконкурентни и фер и да го промениме фокусот на овие односи“, додаде Урсула фон дер Лајен.
„Ќе ги тестираме нашите односи за да видиме каде сме премногу зависни од нив. ЕУ е 98% зависна од Кина за ретки земјени елементи, 97% за литиум и 93% за магнезиум“, рече Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека ЕУ има намера активно да ги диверзифицира овие резерви, кои се клучни за развојот на зелените технологии. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…