Објавено на:

Путин го одобри новиот концепт за надворешна политика на Русија: Главен приоритет отстранувањето на остатоците од доминацијата на САД во светот

t

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денеска со указ одобри нов концепт на надворешната политика на Русија.

„Денеска потпишав декрет за одобрување на ажурираниот Концепт за надворешна политика на Руската Федерација“, рече тој за време на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност.

Шефот на државата нагласи дека поради сериозните промени на светската арена мора да се прилагодат клучните стратешки документи. Според него, ажурираниот Концепт ќе ја формира основата на практичните активности на земјата на среден и подолг рок, а ќе стане и добра доктринална основа за понатамошна работа во областа на меѓународните односи.

Претседателот истакна дека Министерството за надворешни работи, заедно со другите ресори, изврши макотрпна работа за усогласување на овој документ со модерната реалност.
Подолу се главните одредби на ажурираниот концепт:

  • Русија не се смета себеси за непријател на Западот и не се изолира од него, нема непријателски намери.
  • Русија смета на сфаќањето на Западот за залудноста на конфронтацијата и на враќање на еднаква интеракција.
  • Москва го гледа курсот на САД како главен извор на ризици за нејзината безбедност и меѓународниот мир.
  • Ќе се даде приоритет на отстранувањето на остатоците од доминацијата на САД во светот.
  • Москва се стреми да обезбеди безбедност подеднакво за сите земји врз основа на принципот на реципроцитет.
  • Од особено значење е сеопфатното продлабочување на врските и координацијата со Кина и Индија.
  • Главната цел во блиското странство е регионот да се претвори во зона на мир, добрососедство и просперитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…