Објавено на:

Општина Центар не дозволува споменикот на Ќосето да се врати пред комплексот судови

t

Општина Центар експресно го одби барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје.

Тоа е истата локација на која споменикот беше поставен како дел од серијата споменици што беа поставени во главниот град за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Споменикот беше отстранет во 2018 година, а тогашниот градоначалник Петре Шилегов образложи дека тој е дивоградба.

Градоначалничката Арсовска претходно изјави дека споменикот на Ќосето бил пронајден по подолга потрага, но дека се бара соодветна локација за враќање на споменикот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претепано дете во скопски Центар, претходно два…

„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…

Скопјанец пронајден починат во домот во Центар

Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…

За првпат по 50 години Центар доби…

Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата…

Дел од Центар утре ќе биде без…

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…