Алијанса: Мицкоски покажа апсолутно непознавање на реалноста, но добро е што зборува за уставни измени

t

Сите освен Македонците го пофалија новиот став на ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот. И Алијанса за Албанците вели дека е добро што најголемата опозициска партија и Мицкоски зборуваат за уставни измени, но оттаму велат дека тие покажале тотално непознавање на состојбите во Хрватска и причините зошто нивниот Устав е конституиран на тој начин.

-Tоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата.
Од друга страна, решението што го нуди овој политички субјект во однос на преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти. Времето на доминација на еден етникум во Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење.
Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине нивните изборни интереси и да се воздигне на должноста што им припаѓа, вклучително и подготвеноста на нејзиниот лидер јавно да се изрази, во отстранувањето на навредливата терминологија за јазикот на нивните сограѓани, во случајов албанскиот јазик. – велат од Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…