Членови на Левица положија свежо цвеќе по повод 178-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Ѓорче Петров

t

Членови на политичката партија Левица од локалниот огранок во општината Ѓорче Петров, денеска по повод 158 години од раѓањето на големиот револуционер чие име го носи општината, положија свежо цвеќе пред неговиот споменик.

-Денеска, 2 април, по повод 158 години од раѓањето на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, делегација од Левица положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Ѓорче Петров во паркот во истоимената општина.

 Денот на раѓањето на овој македонски револуционер свечено се одбележува втор пат едноподруго во општината Ѓорче Петров по иницијатива на Левица.

 Поради непомирливата борба на Ѓорче Петров за самостојна Македонија и отпорот кон надворешните посегања во чистотата на револуционерното дело на македонскиот народ, особено кон бугарскиот врховизам – тој станува неизбежна жртва на агресивниот големобугаризам.

 Во услови на претензии за бришење и фалсификување на нашата историја, наша должност останува, водени од мислите и идеалите на Ѓорче Петров – тој засекогаш да остане на страниците на македонската историја, а идеите за кои се борел, генерациски да ги усвојуваме и пренесуваме.

Вечна му слава на великанот! – напишаа од левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…