Предвреме го исполнивме ветувањето за 20.000 денари минимална плата, вели Битиќи

t

Министерот за економија, Фатмир Битиќи во гостување во емисијата „Македонија наутро” на МРТ рече дека ветувањето за минимална плата од 20.000 денари го исполниле и предвреме, а економските политики што Владата предводена од СДСМ ги реализира, даваат резултати и дека тоа се докажува и со официјални податоци.

-Во политиката ветуваш и се очекува да ги исполниш ветувањата. Јас бев еден од тие што ја креираа економската политика на Владата и ветивме 20.000 денари минимална плата до 2024 година, а тоа го исполнивме во 2023 година. Ефектите од сите мерки кои ги носиме и системските решенија за минималната плата, пензиите и растот на минималниот гарантиран доход ќе излезат на виделина по стабилизирање на кризата и војната на европско тло, рече Битиќи.

Тој додаде дека поради системското решение на Владата, денес, околу 100.000 пензионери се извлечени од сиромаштија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…

Заедништвото е клучната порака која во наследство…