Објавено на:

(Фото) Му фалат 4 сантиметри коска: Објавени фотографии од украински војник ПРЕД и ПОСЛЕ руското заробеништво

t

Михајло Дианов, музичар и украински војник, неодамна беше ослободен од руското воено заробеништво. Дијанов бил затворен во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која Русите успеале да ја освојат и окупираат по долга борба.

Новинар на Гласот на Америка на Твитер објави фотографии од Дијанов пред и по руското заробеништво. “Немам зборови. Застрашувачки”, кратко прокоментирал под фотографиите.

Тој бил ранет во рака при одбрана на огромен фабрички комплекс во Мариопол. Украински новинар од порталот Цензор објави на Фејсбук дека на Дијанов му е потребна помош за лекување по рускиот „третман“ во заробеништво.

Таа објави шокантна фотографија од деформираната рака на Дијанов и изјавила дека на ранетата рака му недостасуваат 4 сантиметри коска и коментира дека тоа е цената на еден Руски затвор.

Саудијците донесоа десет странци од Русија, меѓу кои и Хрвати

Да потсетиме, Русија неодамна ослободи неколку воени заробеници, меѓу кои и Хрватот Вјекослав Пребег. Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман лобираше за Владимир Путин за ослободување на затворениците. Во телефонскиот разговор во четвртокот вечерта, двајцата лидери изразија „задоволство од трансферот на странски воени затвореници во Саудиска Арабија (…), што беше извршено со лично посредништво на престолонаследникот“, објави Кремљ во соопштение.

Во средата Киев објави дека 215 украински и странски борци биле ослободени од руска страна во замена за 55 руски затвореници, вклучувајќи го и поранешниот заменик Виктор Медведчук, близок на Путин, кој беше обвинет за велепредавство во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бланар: Словачка е против какви било двојни…

-Ние не можеме да прифатиме дека во…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми…

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните…

Девет месеци силувал дете помладо од 15…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…