ВОЗОВИТЕ УШТЕ СТОЈАТ: Пет дена протестот ги закова за шините
Веќе пет дена почнувајќи од петокот на пладне возовите во земјава не сообраќаат на сите релации. Причина за тоа е штрајкот на Синдикатот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници на РМ“, којшто протестира со стопирање на возовите.
Синдикатот бара зголемување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи и подобрување на условите за работа. Овие барања тие ги испратиле до Министерството за транспорт и врски, министерството за финансии и до Владата.
Велешани, посебно оние кои секојдневно патуваат со воз на работа или школување во Скопје, реагираат бидејќи трошоците за патување им се зголемуваат. Мора да користат автобус, за што билетот е 200 денари во еден правец, додека повратна карта за воз е 180 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
(ВО ЖИВО) Историска вселенска прошетка од Меѓународната…
Во тек е вселенска прошетка надвор од…
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…
Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…
Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност…
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена…