Објавено на:

Франција ја става “Вагнер” на листата на терористички организации

t

Во резолуцијата, која наскоро ќе биде претставена во францускиот парламент, се бара руската приватна паравоена група Вагнер, која е многу активна на украинскиот фронт, да се додаде на листата на терористички организации на Европската унија.

Во тој необврзувачки текст, кој пратениците ќе го разгледаат на 9 мај, се наведуваат „многу злосторства врз цивилното население“ во Украина извршени од групата, од кои некои може да се оквалификуваат како воени злосторства.

Француската резолуција ја предложи пратеникот на владејачката партија Ренесанса, Бенџамин, но треба да биде потпишана и од другите мнозински групи и опозициските политичари од десницата и левицата во Парламентот.

„Станува збор за испраќање политичка, симболична порака, сигнал за осуда на „Вагнер“ и неговите активности, кои намерно ги таргетираат цивилите за политичка корист, како тероризмот“, изјави Адад за Франс прес.

Во средината на март, литванскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува дека „Вагнер е терористичка организација“.

Француските пратеници веќе ја покажаа својата поддршка за Украина со усвојување на резолуција минатата недела со која Голодомор се признава како геноцид – масовно гладување предизвикано од советските власти во Украина во раните 1930-ти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на пратениците за тој гест, бидејќи тоа болно сеќавање се појави од почетокот на руската инвазија.

Русија реагираше критикувајќи ја „антируската дрскост“ на францускиот парламент. „Тоа е дотолку поодвратно затоа што самата Франција сè уште не ја затворила страницата на своите злосторства од колонијалниот период“, велат руските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Франција изгуби контрола над делови на…

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби врз демонстрантите…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне…