Како беше тоа, “должничко ропство”? До 2050 година ќе достасаат за плаќање 2,58 милијарди евра државни обврзници

t

До 2050 година ќе достасаат за плаќање 2,58 милијарди евра државни обврзници, предупредуваат од секторот за финансии на политичката партија Левица.

-Минатата недела одржани се три аукции за продажба на државни хартии од вредност, на кои владата нè задолжи со нови 34 милиони евра. Само во првиот квартал оваа година, домашните задолжувања изнесуваат 372.280.000 евра, со рок на достасаност на државните обврзници дури и до 2038 година, а купонската каматна стапка е сè повисока и изнесува од 5,25% до 5,9%.

Внатрешниот јавен долг на крајот од претходната година достигна 2,647 милијарди евра, а заедно со надворешниот, долгот се искачи на 7,703 милијарди евра. Домашните задолжувања воопшто не се за потценување. Во наредниот период, па се до 2050 година, ќе достасаат за плаќање 2,58 милијарди евра по основ на главнина од државните обврзници, а кога на тоа ќе се додадат каматите кои се исплаќаат полугодишно, долгот ќе нè чини 3 милијарди евра.

Државните записи се краткорочни, меѓутоа поголемиот дел од државните обрвзници се на долг рок, а собраните средства се користат за покривање на буџетските дупки и сервисирање на тековни обврски, што значи дека идните генерации освен обврска за плаќање, нема да имаат никакви бенефити од ова кредитирање.

Од друга страна, Предлог Законот за данок на солидарност или данок на екстра профит, кој требаше да биде донесен по скратена постапка на 103-та седница, веќе два месеца е заглавен со собраниските лавиринти. Со овој Предлог закон, Владата предвиде зголемување на приходите за 76,5 милиони евра, што навистина е многу малку во споредба со профитите на крупните трговски друштва, меѓутоа со наплата на овој данок, државата би била помалку задолжена.

Јасно е дека владата заедно со ДПМНЕ нема храброст да воведе прогресивно оданочување, ниту данок на екстра профит, затоа што пред сè со таков чекор би ги оданочила своите бизниси. Последниве три децении власта работи на штета на својот народ, а во корист на олигарсите и решението од оваа безизлезна ситуација во која нè воведе, го бара преку новите задолжувања кои најмногу ќе ги погодат осиромашните граѓани, место со праведно оданочување да овозможи социјална и класна еднаквост. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…