Пратеникот од коалицијата на Мицкоски: Внесувањето на Бугарите во Уставот е минорна работа

t

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ во своето гостување во радио Лидер истакна дека внесувањето на Бугарите во Уставот за него е минорна работа, важно е тоа што би можело да се следува по нивниот влез како конститутивен народ.

Стоилковиќ го поздрави влегувањето на Бугарите во Уставот по хрватски терк.

-Внесувањето на Бугарите во Уставот е најминорна работа која што може да се случи, битно е она што следи после тоа. Она кое може да се протолкува како сериозно добра иницијатива е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за промена на дефиницијата на уставното уредување на државата. И тоа е добра иницијатива од аспект што ќе натера голем број политички субјекти кои се затскриваат во сопственото политичко однесување да излезат на виделина. Србите не би имале проблем со хрватска преамбула во Македонија, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не знае „што по ѓаволите“ прават…

Американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека и…

Зеленски и Трамп ќе се сретнат утре…

Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп…

Богојески доби „шут карта“: Зошто е разрешен,…

Денеска на социјалните мрежи Петар Богојески објави…

Пеколни температури со над 40 степени низ…

Под влијание на топла воздушна маса од…

(Видео) По усвоениот извештај за Македонија –…

Преговорите беа тешки и долги, но имаме…