И коалициониот на Мицкоски му кажа не: Уставни измени само доколку го рефлектираат мултиетничкото општество
Уставни измени само доколку го рефлектираат мултиетничкото општество на државата. Ова е одговорот на новинарското прашања до тетовскиот градоначалник и воедно претседател на Движење Беса Биљал Касами за предлогот на Христијан Мицкоски при уставните измени да се земе хрватскиот модел.
-Ние сме отворени да разговараме за секаков модел кој ја рефлектира реалноста во Македонија. Македонија е мултиетничко општество и државата треба да биде регулирана за да ги рефлектира правата и обврските на граѓаните согласно нивните различности. Така што, секоја дискусија поширока за уставна регулација на државата за нас е добредојдена. Сме заинтересирани да бидеме дел, но не сме заинтересирани да разговараме за било каков било модел кој не рефлектира на мултиетничкиот карактер на општеството во Македонија, истакна Биљал Касами денеска од Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…
Србија го раскинува договорот со зетот на…
Српската влада донела одлука за раскинување на…
Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…
Македонците кои живеаат во соседните држави, како…
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…