Објавена снимка од тепањето на Пендиков: По неколку шамари си заминува дома, а другиот ден се појави како да го прегазил булдожер
Охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид.
Снимката на која се повика обвинителката ја објави А1ОН, а на неа се забележуваат двајца кои му удираат шамари на Христијан Пендиков.
Адвокатот на обвинетиот Спасески смета дека снимката не докажува ништо и побара од судот да не го прифаќа објаснувањето на обвинителството за снимката.
– Обвинителката не покажа дека лицето кое го тепа Пендиков е обвинетиот Спасески. Пендиков во интервју за бугарска телевизија различен исказ во однос на она што се гледа на снимката. Тој тврди дека бил удиран со нозе, но тука се гледа дека е удрен еднаш со нога. При немање доказ врз основа на кој може да се утврди идентитетот на другите две лица, судот не треба да го прифати наводот на обвинителот дека напаѓачот е лице кое личи на Илија Спасески – рече адвокатот на обвинетиот Димитар Цобоски.
Според судијата Бојан Мартиноски мора да се испита оштетениот за да се расчистат сите дилеми во однос на различните искази.
На истото рочиште обвинетиот Илија Спасески истакна дека го разбира обвинението против него но дека не се чувствува виновен.
На снимката може да се забележи и дека по шамарите, Пендиков си оди без посериозни повреди како што беше прикажано во бугарските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијка поротничка била во роднинска врска со…
И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…
„Не ја турнал од балконот, но ја…
Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…
Еден час пред почетокот, одложено судењето против…
Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…
Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…
Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…
Окружниот суд во Ерусалим го прифати барањето…
Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето…