Горан Костовски – Чиз: Сега сум над 99% сигурен дека Мицкоски ќе поддржи менување на Уставот – си легнаа на брашното
Откако денеска на прес-конференцијата на Левица на која портпаролот на партијата Амар Мециновиќ шокираше и објави информации дека имало тајни средби на Мицкоски и Ковачевски со бугарски претставници за промена на Уставот, вечерва во ,,Тешки муабети” членот на Левица и советник во Општина Аеродром, Горан Костовски – Чиз ја прокоментира оваа информацијата и додаде:
,,По мои некои информации, било договарано како да бидат вметнати бугарите во Уставот. Веднаш после тие средби видовме дека ВМРО-ДПМНЕ, односно Мицкоски комплетно реторираше од ставот дека нема да поддржи уставни измени, она што го кажа непосредно пред средбата со Бербок во фоајето во Германската амбасата, или каде и да била таа средба. Значи, сега Мицкоски комплетно поддржува уставни измени по некој си хрватски модел како што кажува, но тоа според мене и според сите би требало да значи дека фактички он го прави првиот чекор, односно дека ќе поддржи уставни измени, доколку некој модел него му се допаѓал. Сега сум над 99% сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи менување на Уставот. Значи, тоа е тоа.. ВМРО-ДПМНЕ си легна на брашното”, рече Горан Костовски – Чиз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…