(Видео) Го почитував Груевски, сегашните “лидери” се шутраци во споредба со него – Сега нема никаква разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ!
Јас имав почит кон Никола Груевски како човек кој во споредба со тие до него најблиску се доближуваше до претставата за држава. Во споредба со претходните тој е далеку над сите, другите се шутраци за него, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Стефан Влахов-Мицов.
-Јас имав почит кон него и неговите ставови за проектот Скопје 2014, но имав и критика и сум му ги кажувал и директно. Тој имаше можност, голема шанса во 2008 година кога го одбија во Букурешт, тогаш беше моментот да сврти страницата кон Русија. Македонија ќе бидеше голем центар, поголем од Србија сега, но тој немаше храброст за тоа. Патриот беше, борбен, но не кажа ќе го направам тоа и нека ме убијат ако треба.
Сегашната политика на ВМРО не ја поддржувам, јас не гледам разлика меѓу двете партии, каде е разликата? Демек нешто патриотско има, тоа било разликата. Нема разлика, што си спречил ти? Мора да спречиш, да се бориш, на Македонија не ѝ се потребни гласачи, потребни ѝ се револуционери, колку и да протестираш ништо не се менува, вели профеосрот кој додава:
-Порано имаше кројач, не чинеше материјалот, сега има кројач кој бара лидерски средби за да се пазари под маса. Тој си кажа 2017 дека лидерот мора да има поткрепа од меѓународната заедница, значи ќе прифати се што ќе му кажат и дури ќе се навреди ако некој од надворешните дојде и не се сретне со него. Тој врска нема со лидерство, смешна работа. За жал и партијата се трансформира во тоа сега, има ли луѓе кои мислат со нивните глави и да кажат каков е овој лидер?
Ама си одат, значи и тие се трансформирани, тоа е организација за вработување. Ќе добиеме градоначалник, ќе бидеме мирни да добијам нешто малку таму. Ако имаше реакција, став, нели некој ќе станеше, ајде да не е од извршен, централниот комитет, тие таму добиваат нешто, ама некој од општински ќе станеше. Сте слушнале нешто? Нема. Инфициран е веќе целиот организам од таа инфекција.
Македонската нација и цивилизација, културата, е безвременска, македонскиот дух нема да го снема дури и државата да ја снема, завршува Влахов-Мицов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…