Бугарија забранува пристап на руски бродови до нејзините пристаништа
Забраната важи и за оние кои пловат под странски знамиња, но сертифицирани во Русија.
Бугарија го забранува пристапот до нејзините пристаништа на бродови сертифицирани од рускиот поморски бродски регистар, пренесува БТВ.
Пристапот е забранет за сите пловни објекти од 8 април, без оглед на знамето под кое пловат, доколку се заверени од рускиот поморски регистар.
Забраната е воведена врз основа на европска регулатива за рестриктивни мерки, поради војната на Русија во Украина.
Бугарија минатата година забрани влез во нејзините пристаништа на бродови под руско знаме.
Сепак, забраната сега се проширува за да ги вклучи и руските бродови кои пловат под знамиња на други земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…