Koзлова со навреда кон верниците: Цркви со звучници, џамии со звучници, тоа никаде во Европа го нема – од каде изникна оваа турбо-фолк религиозност?
Цркви со звучници, џамии со звучници – од каде изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност, прашува проф. Катерина Колозова.
„Вака не беше, вака нигде не е“, реагираа професорката, приврзаник на тн. шарена револуција и блиска до власта, за озвучувањата на верските објекти од кои верските обреди се слушаат преку звучници.
– Никој никого нема право да го тероризира со сопствените уверувања, вклучително и религија. Јас не знам за дел од овој континент наречен Европа каде што се дозволува ваква наметливост- и за едните, и за другите. На километри се слушаат. Може ли и МПЦ и ИВЗ да не се тероризираат взаемно, своите верници, и останатите што не се никакви верници, објави Колозова на својот профил на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…