Објавено на:

Чуквуезе го потопи „кралот“ среде Мадрид

t

Три дена после славната победа на „Камп Ноу“ откако ја пеплосаа Барса, Реал Мадрид доживеа шок во Ла Лига, откако Вилјареал на крилата на Самуел Чуквуезе го потопи „кралот“ со триумфот со 3-2 и сега Барса има шанса да избега на плус 15 бода и веќе извесно да се круниса за нов првак.

Нигериецот Чуквуезе со феноменален гол на десет минути пред крајот го шокираше цел „Бернабеу“, зашто Реал Мадрид двапати водеше на мечот, а „жолтата подморница“ успеваше двапати да се врати во мечот, а на крај да го зададе завршниот удар за голем триумф.

Пау Торес си даде автогол за водство на Реал во 16-та минута, но откако Вилјареал промаши неколку одлични шанси, Чуквуезе со мала мајсторија го изврте Начо за да израмни во 39-та. Три минути во вториот дел, Винисиу Жуниор повторно го донесе Реал во водство, но Хосе Моралес во 70-та вторпат го врати Вилјареал во мечот, за на крај Нигериецот да го реши мечот.

Барселона игра утре дома со Жирона и има шанса да избега на плус 15 од Реал на 10 кола до крајот, што значи дека сѐ поизвесна е разврската за шампионската круна, зашто во таков случај со уште 30 бода во оптек, на Каталонците ќе им требаат само уште пет победи ако „кралевите“ сѐ победат до крајот.

Вилјареал со триумфот се врати во трката за ЛШ, сега е петти со 47 бода, четири зад Реал Сосиедад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнената линија е долга 20 километри:…

Поради силен ветер, пожарот во прилепскиот дел…

Словенија ќе набави 3.000 ракети земја-воздух

Словенечкото Министерство за одбрана објави јавен тендер…

Тлото не престанува да се тресе: Серија…

Серија земјотреси денеска ја потресе Гранада во…

Минималецот во Србија достигна 600 евра

Минималната плата во Србија ќе биде 600…

Русин доби казна за објавено видео од…

Судот во Санкт Петербург казни жител кој…