Чуквуезе го потопи „кралот“ среде Мадрид
Три дена после славната победа на „Камп Ноу“ откако ја пеплосаа Барса, Реал Мадрид доживеа шок во Ла Лига, откако Вилјареал на крилата на Самуел Чуквуезе го потопи „кралот“ со триумфот со 3-2 и сега Барса има шанса да избега на плус 15 бода и веќе извесно да се круниса за нов првак.
Нигериецот Чуквуезе со феноменален гол на десет минути пред крајот го шокираше цел „Бернабеу“, зашто Реал Мадрид двапати водеше на мечот, а „жолтата подморница“ успеваше двапати да се врати во мечот, а на крај да го зададе завршниот удар за голем триумф.
Пау Торес си даде автогол за водство на Реал во 16-та минута, но откако Вилјареал промаши неколку одлични шанси, Чуквуезе со мала мајсторија го изврте Начо за да израмни во 39-та. Три минути во вториот дел, Винисиу Жуниор повторно го донесе Реал во водство, но Хосе Моралес во 70-та вторпат го врати Вилјареал во мечот, за на крај Нигериецот да го реши мечот.
Барселона игра утре дома со Жирона и има шанса да избега на плус 15 од Реал на 10 кола до крајот, што значи дека сѐ поизвесна е разврската за шампионската круна, зашто во таков случај со уште 30 бода во оптек, на Каталонците ќе им требаат само уште пет победи ако „кралевите“ сѐ победат до крајот.
Вилјареал со триумфот се врати во трката за ЛШ, сега е петти со 47 бода, четири зад Реал Сосиедад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…