Добро утро со Инфомакс: Има вера и вистина, има Македонија – Во спомен на Игор Костески, ѕверски убиен во масакрот кај Вејце
Фејсбук страната “Македонски бранители” објави една поема која веројатно малкумина ја знаат, а е напишана од Игор Костески, припадник на специјалната единица “Волци”, ѕверски убиен во масакрот кај Вејце.

-Со започнувањето на секоја пролет, на секој нов април, ние, македонските бранители, не може а да не помислиме на грозоморниот масакр кај Вејце и нејзините жртви – маченици. Сакаме јавно да се потсетиме на еден од нив, на Водникот Игор Костески, припадник на Волците. Од посебна значајност е нотесот на Игор кој го носел секогаш со него. Во нотесот си запишувал поеми и песни за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за неговото кобно пречувство, објавија “Македонски бранители”.
Добро утро Македонци, да се потсетиме како хероите ја гледаат Македонија:
„МАКЕДОНИЈА“
Има една земја тажна
има народ еден тажен
има векови поминати
има темници гледано
има вечни соништа
има една – а не три!
Има песна исконска
има чекори длабоки
има мисла надежна
има срце челично
има љубов внатре
има вода, гори и долини
има една – а не три!
Има сонце
има еден корен
има гнев и омраза
има и заборав
има вера и вистина
има една – а не три!
Има Македонија.
од Игор Костески, ѕверски убиен кај село Вејце, Тетовско
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…
„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…
Во масакрот во училиштето во Грац убиени…
Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа…
15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…