(Видео) Фудбалер на Фк Тетекс го искина црвениот картон на судијата
Фудбалер на Тетекс го искина црвениот картон на судијата Бизарна ситуација се случи на второлигашкиот натпревар меѓу Гостивар и Тетекс.
По започнувањето на натпреварот, гостинскиот голман Александар Анѓелковски во 2. минута ја фати топката во свои раце неколку сантиметри надвор од шеснаесетникот, по што главниот судија Дејан Младеновски, почитувајќи ги правилата, му го покажа црвениот картон.
Тоа не му се допадна на напаѓачот Христијан Кировски, кој му го зеде црвениот картон, го искина и го фрли на земја. Судијата истрча до четвртиот судија по нов црвен картон, за да го исклучи нервозниот Кировски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…