Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска на реванш со Украина
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе го одигра реванш дуелот во рамките на баражот за пласман на Светското првенство против Украина. Откако во Скопје загубија со 22-24, македонските девојки треба да ја анулираат негативата на гостувањето на неутрален терен во Кишварда, Украина.
Средбата во СЦ „Борис Трајковски“ имаше две апсолутно различни полувремиња. Во првото Македонија одигра катастрофално, одбраната не беше на ниво, а и на нападот му недостигаше концентрација, па Украинките имаа убедлива предност. Сепак, по паузата Љубомир Савевски успеа да ги консолидира ракометарките, ја стегна одбраната и профункционира и нападот. Македонија можеше многу лесно да забележи и позитивен исход во пресрет на реваншот, но низа случки не дозволи такво нешто.
Сега, во Кишварда постои шанса да се нападне украинската предност која е горе-долу минимална. Ривалот покажа слабости, Македонија може да се носи со него, па веројатно многу ќе биде важен пристапот на ракометарките. Мотивите не недостигаат, сонот на оваа генерација е по Европското, да се најде и на Светското првенство, а за таков исход е потребна победа од најмалку два гола над Украина која своите домашни дуели ги игра во Унгарија.
Пресметката во Кишварда е закажана за денес во терминот од 17:00 часот.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…