Активности за санација на сообраќајната опрема и сигнализација низ градските улици
Eкипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје во текот на изминативе денови активно работат на санација на сообраќајната опрема и сигнализација на главните улици и булевари во градот.
Деновиве тие ги санираа оштетените заштитни столбчиња на улиците во Централното градско подрачје и поставија нови на улицата „Васил Ѓоргов“, „Френклин Рузвелт“ и ул. „11ти Октомври“.
-Санирани се заштитните огрaди на мостот клучка Дијамант во Автокоманда и заштитната ограда на булеварoт Метрополит Теодосиј Гологанов кај кружниот тек на Католичка црква и обновена е бојата на истите. Санирани се оштетените бехатон плочи на пешачките патеки на улица Френклин Рузвелт и асфалтирани се споевите со споредните улици. При редовната контрола и обиколка на сообраќајната сигнализација санирани се и обновени сообраќајните знаци и денилеаторите за одвојување на коловозот, како и рефлектирачките столбови за одвојување на велопатеките. Во тек се активностите за санација и на оштетениот плочник на улица Македонија и санација на бетонските жардињери на булеварот Партизански Одреди, велат од претпријатието.
Екипите и во наредниот период продолжуваат со тековните активности за санација на сообраќајната опрема и сигнализација на градските сообраќајници со цел одржување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…