МВР пронајде и заплени поголема количина на огревно дрво без документација

t

Полицијата од Радовиш во селото Дедино во дворот на Т.Ј пронајде товарно возило „МАН“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва, за кои лицето не поседува соодветна документација.

Дрвата се одземени и пренесени во кругот на авното претпријатие „Национални шуми” – подружница „Плачковица” Радовиш за натамошна постапка.

Нешто пред тоа, во 10:40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш извршиле контрола и во дворно место на У.Д.(53) од село Коџалија, радовишко, пронашле поголема количина дабови огревни дрва. При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за четири кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми” подружница „Плачковица” Радовиш за натамошна постапка, соопшти МВР.

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…

Не сме глупави, нема да молчиме, не…