Германија ќе ги затвори последните три нуклеарни централи во сабота
Германија е на пат да ги затвори трите преостанати нуклеарни централи во сабота. Берлин почна да ги затвора своите нуклеарни централи пред повеќе од 20 години, а поранешната канцеларка Ангела Меркел, среде антинуклеарните протести во Германија, нареди сите преостанати електрани да бидат затворени до 2022 година, пишува „Скај њуз“, пренесува Политика.рс.
Берлин беше принуден да го одложи затворањето на трите преостанати фабрики поради енергетската криза предизвикана од западните санкции наметнати на Москва од почетокот на конфликтот во Украина, поради загриженоста дека Берлин нема да може да ја преживее зимата без евтините руски енергетски резерви.
Новиот рок подразбира дека до 15 април 2023 година ќе бидат затворени преостанатите капацитети во Емсланд, Долна Саксонија, како и реакторите „Исар 2“ и „Некаверсхајм“, пренесуваат медиумите.
Одлуката на Берлин доаѓа во време кога другите западни земји, како Франција и Велика Британија, се враќаат на нуклеарната енергија. Згора на тоа, како првата индустриска сила на ЕУ која е силно зависна од евтината руска енергија, последиците од санкциите наметнати на Москва особено ја погодија Германија.
Третина од електричната енергија во Германија се уште се произведува во централи на јаглен, според „Скај њуз“, но од Берлин е соопштено дека сите електрани на јаглен ќе бидат затворени до 2038 година, додека првиот бран на затворање ќе започне во 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија ги повика своите граѓани или да…
Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…