Нас нè реши, сега ќе го решава соседот: Димитров ангажиран за изнаоѓање на добри дипломатски потези на Косово

t

Поранешниот вицепремиер за европски интеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров е ангажиран за изнаоѓање добри дипломатски потези за Косово како држава и за градење на добрососедски односи. Неговото искуство во преговорите со Грција и пред сѐ во изнаоѓањето решение на спорот со јужниот сосед и формулирањето на меѓусебните односи со Преспанскиот договор, се чини, делуваат како драгоцени за Приштина имајќи ги предвид односите со Србија, блокадата во дел од меѓународните интеграции на Косово од страна на Белград, непризнаеноста на државата дури и во рамки на самата Европска Унија, а да не се зборува дека во светски рамки тој процес е с ѐ уште предизвик. Димитров има и разговори во Владата на премиерот Албин Курти.

На прашањето дали тоа значи дека е ангажиран како советник на премиерот на Косово, Никола Димитров во изјава за МКД.мк вели дека тој е ангажиран во функција на невладин проект.

„Јас сум ангажиран од страна на Балканската група за истражувачки политики, невладина организација во Приштина, на проект насочен кон зајакнување на стабилноста и државноста, како и на европската агенда на Косово. Меѓу другото, помагав и за визната либерализација за нашиот сосед“, ни изјави Димитров.

Неговиот ангажман, како што вели, е парцијален и тој не престојува во Приштина.

„Во контекст на проектот, јас имам средби со владата, која е корисник на проектот. Сепак, нагласувам, мојот ангажман е со Балканската група за истражувачки политики“, вели Димитров.

Повеќе на МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…