Меџити: Суспендиран анестезиологот кој ги снимаше пациентките на гинекологија за Тик-Ток
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денешната прес-конференција изрази жалење за случајот со здравствениот работник во тетовската гинекологија кој ги снимаше пациентките и ги објави на Тик-Ток.
-Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот.
-Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.
Директорот на болницата исто така изрази жалење за настанот и кажа дека самиот го пријавил случајот во полиција откако дознал за истиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
ТикТок забрани тренд што промовира екстремно слабеење…
Содржината поврзана со хаштагот вклучува видеа од…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…