Објавено на:

Макрон против народот: По одлуката на Уставниот совет го потпиша Законот за пензионирање

t

Францускиот претседател Емануел Макрон го потпиша спорниот закон со кој границата за пензионирање се крева од 62 на 64 години. Потписот следува откако Уставниот совет го одобри планот за реформа на пензискиот систем.

И во текот на вчерашниот ден имаше големи протести, како и во текот на целото носење на законот. Во Париз граѓаните маршираа кон  Плоштад Бастилја, каде запалија контејнери. Полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите.

Протести имаше и во Марсеј, Лион, Нант, додека во Рен на северозападот од земјата, беше нападната и запалена полициска станица.

Француските синдикати повикаа на национален штрајк на 1 мај, за кој најавија дека ќе биде досега невиден во земјата.

Законот ќе стапи на сила во следните денови, а примената ќе започне да се имплементира до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…