Шампионот тргна со пораз во плејофот, Голден стејт загуби од Сакраменто
Сакраменто поведе со 1-0 против Голден стејт откако го победи со 126-123, Њујорк направи брејк во серијата против Кливленд откако оствари гостински триумф со 101-97.
Сакраметно и Голден стејт одиграа неизвесен меч, полн со пресврти, единствено гостите на двапати имаа двоцифрена предност и тоа од десет поени разлика. Последната, одлучувачка четвртина подобро ја одиграа домаќините и дојдоа до триумд од 126-123.
Најдобар беше Фокс со 38 поени, одличен беше и Монк со 32, во составот на Голден стејт, Стеф Кари реализираше 30 поени, Томпсон имаше 21.
Њујорк дојде до гостински триумф кај Кливленд откако победи со 101-97. Брансон со 27 поени беша најдобар во составот на гостите. Мичел реализираше дури 38 поени за Кливленд но тоа не беше доволно за успешно да го почнат плејофот.
Бостон покажа моќ против Атланта победувајќи со 112-99. Двајца играчи на Селтикс имаа дабл-дабл учиноци, Браун реализираше 29 поени и 12 скокови, Тејтум имаше 25 поени и 11 скокови, одличен беше и Вајт со 24 поени. Кај Атланта Мареј постигна 24 поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За шест часа полицијата казни 166 пешаци
МВР информира дека во текот на вчерашниот…
Франција тврди дека Русија се меша во…
Русија решително ги отфрла обвинувањата дека се…
Невреме го зафати струшкиот и беровскиот регион
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за…
Огнот во прилепско Чаниште проголта над 15…
Тажна е денеска глетката во селото Чаниште,…
Мопсот Џини Лу е најгрдото куче на…
Во Калифорнија на 14 август се одржа…