Разочарани украински војници од Бахмут: За што се бориме?!
„Се чини дека е само прашање на време кога Бахмут целосно ќе падне во руски раце“, вака новинарот на германски „Билд“ Јан Хумин ја опишува ситуацијата во Бахмут, светски познатиот разурнат град кој стана еден од симболите на војната во Украина.
„Украинските војници се прашуваат за што се борат во Бахмут“ е насловот на репортажата на „Билд“ од фронтот, во која се пренесува приказната за бегството на украинскиот војник Андреј од фронтот од моментот кога тој е ранет од шрапнел.
„Војската е напната, фокусирана, загрижена. Многу луѓе се прашуваат за што се борат во Бахмут. Дали навистина сѐ уште вреди да се брани овој уништен град од повторените напади на руската војска? – пишува германскот новинар.
Иако не дава конечен одговор, тој укажува дека самите Украинци ја доведуваат во прашање тврдоглавоста со која претседателот Володимир Зеленски продолжува да ги жртвува своите војници во тој град, но и троши муниција во долгата битка, која, како што претходно оцени „Њујорк тајмс“, ѝ се заканува на очекуваната украинска пролетна офанзива.
Битката за Бахмут е една од најинтензивните и најкрвавите од почетокот на конфликтот. Западните земји тврдат дека градот нема стратешка воена вредност, но украинскиот претседател Зеленски го прогласи за „тврдина“ и вети дека ќе го брани што е можно подолго.
Зеленски на крајот на март тврдеше дека, доколку Русија го преземе Бахмут, неговата влада ќе биде под меѓународен и домашен притисок да бара мир со Москва.
Сега останува прашање дали притисоците што ги очекува Зеленски навистина ќе доведат до преговори, што украинскиот претседател досега ги одбиваше, бидејќи, како што пишува и „Билд“, само прашање на време е кога Русите целосно ќе го освојат разурнатиот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…