СДСМ бара ДКСК да отвори предмет за ДУП-овите во Лисиче
„Наместо развој, паркови и проекти за подобрување на животот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ режира измени на ДУП за изградба на згради во реони со зеленило и куќи. Последен пример е случајот со парцели и измени на ДУП во населбата Лисиче, општина Аеродром“ рече денеска на прес-конференција Васко Кичевски, претседател на ГО СДСМ – Скопје.
Тој посочи дека „неколку парцели во Лисиче со површина од над 1.000 метри квадратни, биле купени како ниви, пред овој урабистички план да биде во процедура“.
„Дали купувачите знаеле дека токму таму ќе се градат згради и дали однапред знаеле дека маркиците за згради ќе бидат токму на тие парцели? Ова отвора сериозни индиции и основани сомневања кои треба соодветни надлежни органи да ги расчистат. Затоа, денеска ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи, да оформи предмет и целосно да го истражи овој случај“ рече Кичевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…