ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“ во ОН
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно се препукуваат преку соопштенија за бројот на делегациите кои двете партии ги носеле на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
– Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат.
Неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон.
Народот не го прашува, сам одлучува.
Поведе делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните, за концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција.
Антимонот не е храна туку метал за воена индустрија.
Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата.
СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува.
Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон.
Ова е распродажба на штета на здравјето на луѓето. Не е партнерство.
Целта се провизиите и диловите, тоа граѓаните веќе многу добро го знаат.
Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат ефтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата.
Македонија не е на продажба! – велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ вратија:
СДСМ мислат дека сите се како нив, па од таа перспектива се навикнати и ги гледаат работите, па затоа и им смета и официјалната посета на САД на претседателот и премиер, Христијан Мицкоски. Кога СДС збори за некаква армија на Мицкоски, еве ги арамиите на Зоран Заев во посета на Генералното собрание на Обединети нации кога Заев беше премиер, а Венко Филипче министер, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во таа делегација бил и Венко Филипче како министер за здравство на шетање во Њујорк, Насер Нуредини министер за екологија, Бујар Османи и Нина Ангелова како и сегашниот „независен“ новинар Зоран Бојаровски, советници и вработени во влада. Таму и кучињата по дома ги земале на шетање во САД, велат од владејачката партија.
„Но, за разлика од тогаш денес нема непотребни членови на делегацијата и нема луксузирање и дополнително, ефектите и придобивките за државата се далеку поголеми.
Во рамките на оваа посета се одржаа бројни средби со високи американски државници, меѓу кои и со државниот секретар на САД, Марко Рубио како со заменик-државниот секретар, Кристофер Ландау и бројни конгресмени.
Во рамките на посетата на САД, Претседателот и премиер, Мицкоски вчера учествуваше и достоинствено ја претставуваше Македонија и на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации, што претставува место на кое се носат важни одлуки.
На оваа посета уште еднаш беше потврдено и зацврстено стратешкото пријателство со САД и можностите ова пријателство да се претвори во инвестиции и економски развој“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(ВИДЕО) Дел од делегатите на Генералното собрание…
Делегати од повеќе земји ја напуштија салата…
Последно обраќање на Гутереш пред ГС на…
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…