Стар сателит на НАСА ќе падне на Земјата: Треба ли да бидеме загрижени?
Се очекува стар сателит на НАСА да падне на Земјата во текот на денот, а експертите кои го надгледуваат леталото велат дека има мали шанси падот на сателитот да предизвика некаква опасност, пренесува Скај Њуз.
Стариот сателит „Реси“ треба да падне на Земјата вечерва, објавија НАСА и американското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека локацијата каде што ќе падне сателитот не може да се открие, пренесува АП.
Поголемиот дел од овој сателит тежок околу 300 килограми би требало да изгори за време на летот низ атмосферата, но експертите очекуваат дека некои делови ќе останат релативно неоштетени.
Пред да бидат прекинати активностите на „Реси“ во 2018 година, поради проблеми во комуникацијата, сателитот забележал соларни изливи, како и масовни ерупции на Сонцето. За време на активното користење на сателитот „Реси“, забележани се повеќе од 100.000 сончеви настани користејќи високоенергетски рендгенски зраци и гама зраци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде…
Денеска во 14 часот и 28 минути,…
Земјата се разделува од „мини месечината“
Планетата Земја се разделува со астероидот кој…
Двајцата астронаут ќе се вратат на Земјата…
Американската вселенска агенција, НАСА денеска одлучи дека…
Кинеска сонда се враќа кон Земјата со…
Кина известува за успешен старт на модулот…
Северна Кореја: Нашиот шпионски сателит направи детални…
Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран…