Катица Јанева работи како библиотекарка во затворот “Идризово”
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во затворот „Идризово“ работи како библиотекарка.
Како што пишува новинската агенција „Макфакс“ таа и оваа година користела продолжен празничен викенд, а новиот директор на затворот, Зоран Јовановски информираше дека уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.
Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната, изјави Јовановски.
Катица Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа беше приведена на 21 август 2019 година, а според податоците на Јовановски, казната на Јанева ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста за помилување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР потврди: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е…
Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ…
Затвореник од Идризово ја нападнал сопругата, ѝ…
На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР…
Два тунели за бегство најдени во затворот…
Два тунела кои требало да бидат употребени…
МВР: Лице барано со потерница спроведено во…
Денеска (07.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето…
Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со…
43-годишен осуденик од затворот Идзризово кој користел…