Киев ќе ја конфискува зградата на руската амбасада во Украина?!
Градскиот совет на Киев го раскина договорот со руската амбасада за закуп на земјиште и ја повика владата да ја конфискува зградата на амбасадата на Руската Федерација, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Според украинските медиуми, 73 од 120 членови на советот гласале за одлуката.
Како што изјави Кличко, ќе апелира и до Владата имотот на дипломатската мисија да ѝ се врати на украинската држава.
Раскинување на договорот за закуп на земјиштето предложи владејачката партија „Слуга на народот“, која ѝ предложи на Владата да ја национализира зградата на амбасадата.
Министерството за надворешни работи на Русија во февруари минатата година соопшти дека е одлучено да се евакуираат вработените во руските претставништва во Украина за да се заштитат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…